Марија Димовска е во финалето на Атина челинџ Европскиот куп во кик бокс

Кик бокс клубот Енерџи од Битола со тројца натпреварувачи настапува на Атина челинџ Европски куп, а Марија Димовска има директен пласман во финалето каде што ќе се сретне со Хелен Каталаграијану од Грција.

На овај силен Европски куп денес настапи двајца кикбоксери на Енерци и го освоија деветото место.

Петар Лозановски во кик лајт за постари кадети во категоријата до 52 килограми се пласира на 9-то место, како и Дарко Нумановиќ во јуниори до 69 кг. Марија Димовска настапува во лоу кик до 60 кг во лоу кик.

„Петар и Дарко загубија во тесни борби во прелиминарниот дел, но јас сум презадоволен од тоа како изработија. Сепак, ние сме на еден многу јак турнир каде борците се градат и имаат можност за напредок“, вели тренерот Александар Димовски.

На турнирот настапуваат 1011 кикбоксери со 1770 натпреварувачи влезови од 24 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО