Претседателот на УФЦ, Дана Вајт ја поддржува намерата да се олабават прописите за марихуана за спортистите во организацијата. Малку по малку, спортските комисии се склони да го напрваат тоа.
Вчера, Спортската комисија на Флорида ја отстрани марихуаната од списокот на забранети супстанции за кои се тестираат спортисти на допинг тест.
Поради присуството на марихуана во допинг тестовите, многу борци на УФЦ беа казнети и дисквалификувани.
Right move by FL Commission. They took a close look at the science behind THC excretion and saw it has little to no correlation to being impaired. Hopefully other commissions will follow FL’s lead and the recommendation of ABC Medical Committee. https://t.co/TKneEfN9Rt
— Jeff Novitzky (@JeffNovitzkyUFC) May 4, 2021
Веста за отстранување на марихуаната од списокот на забранети супстанции од страна на Спортската комисија на Флорида ја објави Џеф Новицки.