Мани Пакијао во декември ќе боксира на егзибициски меч со јужнокорејски јутјубер

Мани Пакијао јасно стави до знаење дека нема да се врати во натпреварувачкиот бокс, но очигледно не може да го напушти рингот.

Последниот меч на Филипинецот беше минатиот август кога загуби од Кубанецот Јорденис Угас во борбата за титулата во полутешка категорија на ВБА.

Потоа се кандидираше за претседател на Филипините, но не успеа да собере доволно гласови за да победи.

43-годишната филипинска легенда во боксот и шампион во повеќе дивизии се враќа во рингот, а во декември во Сеул ќе се бори со јужнокорејскиот јутјубер ДК Ју. Тоа ќе биде егзибициски меч со шест рунди од по две минути.

На овој хуманитарен настан ќе се собираат средства за жртвите од војната во Украина и за семејствата на бездомниците на Филипините.

„Сакам само да работам напорно и да се уверам дека состојбата ми е сто проценти за да можам да продолжам да ги покажувам моите вештини во рингот“, изјави Мани Пакијао.

Поранешниот шампион најави дека ќе се подготвува како за вистинско натпреварување.

„Иако се работи за хуманитарен настан, сериозно ќе се подготвам за натпреварот. Се надевам дека со оваа акција барем малку ќе ги ублажиме болките и маките на луѓето во Украина. Сакам да им помогнам и на моите сонародници кои немаат покрив над главата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON