Мани Пакијао за 40-от роденден делеше помош на сиромашните

Мани Пакијао вчера го прослави својот 40-ти роденден.

Легендарниот филипински боксер се подготвува за првата одбрана на редовната титула на ВБА во борбата против Адриен Бронер на 19 јануари во Лас Вегас.

„Пек-Ман“ не ги заборава обврските во салата, ни спрема сиромашните во својата земја. Како дел од бројните активности по повод прославата на роденденот подели 2000 пакети на сиромашните сонародници.

Подоцна сенаторот Пакијао организираше екстравагантна забава на која беше и претседателот на Филипините Родриго Дутерте.

Покрај членовите на семејствата прославата ја удостоија бројни гости од јавниот живот. Пакијао за организираше томбола на која се поделени 4 автомобили, 58 мотоцикли и 24 ЛЕД телевизори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON