Мани Пакијао веќе е во Лас Вегас, каде што овој викенд ќе се соочи со Флојд Мејведер Јуниор во долгоочекуваниот меч во историјата на боксот.
Пакијао покажа целосна доверба во своите вештини пред дуелот.
„Ветувам дека ќе дадам се од себе. Подготовките ми беа одлични. Инстинктот на убиец е се уште во мене. Верувам во победата и сакам да и кажам на навивачите на боксот во светот, дека на 2 мај нема да останат разочарани“.
По прес-конференцијата, Пакијао и неговиот тренер Фреди Роуч, издвоија малку време за да се сликаат со сите фанови што беа дојдени.