Мани Пакијао го победи Џеси Варгас на поени и си ја врати ВБО титулата во велтер категорија, а сето тоа трибините го следеше неговиот најголем ривал, Флојд Мејведер Јуниор.
Пакијао го испрати Варгас на подот во втората рунда и му го раскрвари лицето за победа на поени од 118:109, 118:109, 114:113 и за одземање на титулата која Варгас ја освои во последниот меч.
Сенаторот од Филипините покажа дел својот огромен талент, но не успеа да го нокаутира Варгас, и останува да се види дали го импресионираше Мејведер, кој го совлада во мега-дуелот пред две години. Мејведер официјално е пензиониран, но неговото присуство на мечот во Лас Вегас ги зголеми шпекулациите дека тие повторно ќе се сретнат во рингот.
Ова беше 22 борба за титулата на Пакијао, почнувајќи од 1995 година, кој за оваа средба тренираше исклучително на Филипините.
https://youtu.be/zujaupjC51s
За мечот Пакијао имаше гарантирани 4 милиони долари плус процент од профитот, додека Варгас доби 2.8 милиони долари.