Мани Пакијао се враќа, најверојатен противник Дани Гарсија

mani Pakijao vo gard

Мани Пакијао наесен се враќа во рингот.

Филипинецот објави дека ја прекинува кариерата, за да се оддаде на политиката. Светскиот шампион во осум различни категории го променил своето мислење. Ова го соопшти неговиот долгогодишен промотор Боб Арум.

„Тој ни даде зелено светло за да направиме студија за евентуалниот ривал и место на натпреварот. Се обидуваме да одредиме датум кој нема да биде во конфликт со неговите обврски како сенатор“, изјави Арум.

Арум додаде дека фаворит за противник на Пакијао е непоразениот светски шампион во полусредна категорија, Дани Гарсија.

https://youtu.be/y_QNrQW0XdE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON