Мани Пакијао се откажува во 2019-тата

Светскиот шампион во бокс за професионалци во осум различни категории Мани Пакијао ќе се откаже во 2019-та од активното боксирање. Ова го најави неговиот долгогодишен промотор Боб Арум.

„Мани има уште три меча до крајот на неговата кариера. Првиот ќе се одржи кон крајот на 2018-та“, претпоставува Арум и дополнува: „Останатите два ќе бидат во 2019-тата. Уште не е јасно кој ќе биде следниот противник. Се разгледуваат варијанти со Амир Хан, Теренс Крафорд и Васил Ломаченко“.

Пакијао го нокаутира Лукас Матис во неговиот боксерски натпревар и стана светски шампион во полусредна категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО