Поранешниот светски шампион во осум тежински категории, Мани Пакијао изјави дека води преговори за реванш меч со Американецот Флојд Мејведер, од кого загуби со едногласна одлука на судиите во мај оваа година.
„Се уште не знам кој ќе биде следниот мојот ривал. Токму сега водиме преговори за реванш со Мејведер и се надевам дека ќе постигнеме договор“, изјави Филипинецот.
Како што е познато, во септември Флојд Мејведер, официјално објави дека става крај на професионалната кариера. Тој го стори тоа по победата над Андре Берт и е категоричен дека нема намера да се враќа во рингот.
Што се однесува до Мани Пакијао, тој последната борба ќе ја има на 9 април следната година, по што ќе се посвети на политиката. Информацијата беше пуштена во оптек пред неколку дена од неговиот менаџер Боб Арум.