Иконата на професионалниот бокс Мани Пакијао (Филипини) се огласи против дилерите на дрога во неговата татковина. Тој зеде збор како сенатор во локалниот парламент и побара смртна казна за трговците со дрога.
„Тие заслужуваат смрт. Треба да заземеме цврст став по ова прашање. Можам да ја простам личната зависност, но трговијата со дрога е нешто многу гнасно. Тоа е криминал, не против човекот, туку против народот“, рече Пакијао.
Пакијао многу години води ваква битка, но, реално, резултат од неа се уште нема. Филипини е на водечките места по употреба на опиум и хероин по глава на жител.
Самиот Пакијао во свои интервјуа призна дека користел дрога.