Професионалниот боксерски шампион на Светската бокс асоцијација (ВБА), Мани Пакијао, ќе се кандидира за претседател на Филипини на изборите во 2022 година. Веста ја објави неговиот поранешен промотор Боб Арум за „Сан“.
Родриго Дутерте е претседател на Филипините од 2016 година, а Пакијао долго време имаше амбиции во политиката и сега реши да истрча на изборите како кандидат. Пакијао (41) го покани Арум на инаугурацијата откако ќе победи.
Од 2016 година боксерот е член на Сенатот на Филипини, кога собра 16 милиони гласови. А во 2022 година истекува овој мандат на законодавниот дом.
Мани Пакијао има 62 победи во рингот, од кои 39 со нокаут, 7 порази и две нерешени борби. Во 2016 годинај првично објави крај на кариерата, но по влегувањето во Сенатот се врати во спортот.
Тој го победи Американецот Џеси Варгас во меч за титулата во категоријата до 66,68 кг во верзијата ВБО (Светска боксерска организација ). Досега, по враќањето во рингот, има три победи и еден пораз.