Поранешниот светски шампион во бокс Полие Малигнаги повторно проговори за медиумите во врска со неговите спаринзи со Конор Мек Мрегор во рамките на подготовките за мега бокс мечот на 26 август против Флојд Мејведер.
Поранешниот светски шампион го одработи спарингот со Мек Грегор и откри колку силно удира
Во интервјуто за Скај спорт, Малигнаги ги потврди своите зборови од пред неколку дена и повтори дека „денес го почитува Ирецот и неговиот бокс многу повеќе отколку порано“.
„Кога ќе ја видам неговата работна етика и колку се вложува во тој тренинг камп, едноставно морам да го почитувам Конор Мек Грегор. Го гледам како секој ден навистина напорно вежба и исклучително е фокусирани да ги шокира сите и да слави во тој меч“, рече Малигнаги за угледниот медиум и додаде:
„Кога зборувате со Конор, веднаш ќе помислите дека овој тип не верува во неговата победа и дека неговата цел е само за да заработи 100 милиони долари. Но, кога ќе навлезе подлабоко со него во разговорот, ќе почнете да се сфаќате дека овој човек навистина верува длабоко во своето срце и за тоа има целосно покритие, за да победи. И секој пат кога некој се сомневаше во неговите можности, тој изненади и спротивно на сите изгледи ќе победеше“.
Анализирајќи ги досегашните спаринзи Малигнаги потврди дека Мек Грегор е подобар отколку што се мислеше и очекуваше. Особено додека не го „сварите’, бидејќи не се работи за типичен боксер.
„Конор е борец кој ви пристапува на поинаков начин, со друг стил. Така што тој е напорен, ако зборуваме за тајмингот. Нема да кажам дека тоа е тешко да се најде време со него, затоа што успеав во тоа, но на прва нема да го добиете она што сте навикнати. Со својата агресија или пасивност, Конор успева на различни начини да го одработи својот тактички план кој го замислил“, вели Малигнаги.
Да потсетиме Мек Грегор го ангажиран овој поранешниот светски шампион како спаринг партнер. А веќе по првите спаринзи Малиганги откри колку јако удира Ирецот.
„Секако дека не е слаб удирач. Луѓето умираат да кажам: „Да, удира јако, оххх, неговата силна лева рака“. Видете, ако ве удари Конор, ќе го почувствувате тој удар. Тој е возрасен човек“, открие на почетокот на Малигнаги.
„Би рекол дека тој е надпросечен удирач. Чувствуваш и со ракавици од 16 унци, а доколку те погоди со 10 унци, ќе го привлече твоето внимание. Дали е тоа „о мој Боже сила? Не. Видете „о, мој Боже сила“ е многу ретка работа. Спарингува илјадници рунди во мојот живот, спарингува против стотици различни боксери. Овде зборувам за спаринзите, бидејќи мечевите ги правев со ракавици од 8 унци. Но да, има луѓе што кога ќе те удрат ќе помислите, „О мој Боже“. Такви беа само една шака“ додаде поранешниот светски шампион.