Малигнаџи е подготвен да се бори Конор Мек Грегор, но под еден услов

Поранешниот светски шампион во бокс Полие Малигнаџи е подготвен да се бори со ММА ѕвездата, но под еден услов. Тие имаат сериозна закачка. Закачката се случи во 2017 година. Тогаш Мек Грегор се подготвуваше за бокс мечот со Флојд Мејведер. Малинаџи беше повикан како спаринг партнер. Конор пушти видео клип на кој се гледа како американскиот боксер има сериозни проблеми и е разнишан.

„Мек Грегор нема како извади повеќе пари од борба против друг ривал во споредба со дуел против мене“, рече Малигнаџи кој ја прекина кариерата и додаде: „Тој ќе ја загуби таа битка. Еди Херн може да организира средба. Ќе има големи пари. Заинтересиран сум за средба по правилата на боксот. Ќе се борам, ако има услови – целиот хонорар да го добие победникот. Ќе го испратам во болница без скршена пара во џебот“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON