Бразилскиот ММА борец Жаилтон Алмеида го чека нов голем тест во ноември, а следен противник на 4 ноември на настанот во Сао Паоло ќе биде Картис Блејдс.
Малхадињо е во фантастична форма, има 14 победи во низа (пет во УФЦ).
Во последното интервју откри дека сака да биде резервен борец за мечот меѓу Џон Џонс и Стипе Миочиќ кој ќе се одржува на 11 ноември во Медисон сквер гарден.
„Добро ќе се подготвам за настанот во Сао Паоло“, истакна Жаијлтон Алмеида и додаде:
„После секоја препрека сакам да бидам поблиску до целта. Се надевам дека се ќе биде во ред за натпреварот меѓу Џонс и Миочиќ, но би бил среќен да бидам во план како замена. Ќе чекам да се случи борбата и тогаш би сакал да го исполнам мојот сон и да се борам со Џонс“.
Во текот на кариерата Бразилецот забележа 19 победи и имаше два порази. Дебитираше во УФЦ на почетокот на февруари минатата година по неговиот триумф на настанот на Дана Вајт на Контендер серијата.
Треба да се истакне дека Малхадињо победи на 19 меча со прекин, седум со нокаут, а другите 12 со завршница.