Максим Митровски покажа одлична борба на СП, но падна кондиционо во завршните рунди

Максим Митровски настапи прв од нашите репрезентативци на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија. Митровски имаше тешка задача против Нажибула Ирисматов од Казахстан и загуби 0-3.

Димитровски, според жребот, имаше тежок пат до борбите за одличја, му требаа две победи.

Максим технички покажа одлична борба, при што во првата рунда доминираше и водеше 3-0. Втората половина на втората рунда кондиционо попушти и противникот поведе со 2-0. И третата рунда ја доби противникот со 3-0.

Кондиционо Максим не се покажа како што требаше поради вирус кој го совлада во подготовките. Му опадна имунитетот на телото, така што беше лесно совладлив од актуелните вируси“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко и додава:

„Но јас сум задоволен од борбата на Максим. Тој за кратко време има голем напредок и поразите му се мотив за повеќе посветеност и подобри резултати во иднина“.

Преостануваат настапите на Силвио Мировски, Марија Димовска и Лука Змејкоски.

На СП учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.

Резултати Светско првенство за кадети и јуниори:

Лоу кик
млади јуниори
-60 кг
Марија Димовска – Јелена Стојановиќ (Босна и Херцеговина) ½ финале

+81 кг
Лука Змејкоски – Владислав Лендел (Украина) ½ финале

постари јуниори
-71 кг
Силвио Мировски – Лисгарас Панагиотис (Грција)/ Челик Мемет Тана (Турција) ¼ финале

К-1
постари јуниори
-71 кг
Максим Митровски – Нажибула Ирисматов (Казахстан) 0-3 1/8 финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON