Макс Холовеј сака Мек Грегор и Хабиб да помогнат во борбата со климатските промени

Макс Холовеј не е фан на вербалната војна на Мек Грегор и Хабиб која кулминираше пред неколку дена. Навредите беа жестоки, па Дана Вајт беше принуден да интервенира и да воспостави ред. Шампионот Макс Холовеј е поранешен прредизвикувач на Мек Грегор и можеби иден на Хабиб. „”Благословениот“ сфаќа дека тие имаат многу следбеници и ги поттикнува да направат посериозни работи во борбата против климатските промени.

„Климатските промени се факт. Треба да се обрне внимание на овој проблем, а не на она што го говорат Мек Грегор и Хабиб. Тие дури веќе и не зборуваат за борбите. На крајот на краиштата, дури и не станува збор за спортот и не сакам да зборувам за работите што си ги пишуваат.

Мило ми е што Дана Вајт се вмеша. Овие момци имаат големи платформи и мислам дека треба да зборуваат за посериозни нешта како што се климатските промени. Сега во Њујорк е прилично студено, а не би требало да е така. Слушнав, ќе треба дека да биде потопла. Знам дека звучи како плачење, но ние не сме навикнати на такви температури. Што се случува со контролата на климата?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON