Макпетролци отпатуваа за Гвадалахара на Крате 1 Премиер лигата – А серија

Каратистите на Макпетрол и македонските ререзентативци кои се и меѓу најдобро рангираните на Светската ранг листа во карате спортот, денеска преку Софискиот аеродром отпатуваа за Мадрид, Шпанија, каде што ќе учествуваат на турнирот од Карате1 Премиер лигата – А серија.

Во Гвадалахара ќе учествуваат 1354 спортисти од 82 држави.

„Ова укажува дека овој турнир ќе биде многу силен. Турнирот е само за сениори/ки, кои настапуваат во дисциплината кати и борби во поединечна конкуренција. Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на нашите спортисти“, вели тренерот Бошко Заборски.

За Гвадалахара отпатуваа следните спортисти:

  1. Сара Радичевска -50 кг
  2. Симона Заборска -55 кг, 
  3. Наташа Стефановска -61 кг 
  4. Моника Стефановска -68 кг 
  5. Петар Заборски -75 кг

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON