Макпетрол со минимални сили до максимален учинок на „13 Ноември“ (ФОТО)

makpetrol-so-bosko-zaborski-13-nomevri-2016

Макпетрол е трет по бројот на освоени медали на традиционалниот Меѓународен карате турнир во чест на ослободувањето на Скопје „13 Ноември“, на кој учествуваа околу 400 натпреварувачи од повеќе земји од регионот. Макпетрол во борби освои 6 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал.

abdurahim-ekipno-na-piedestal-13-noemvri-2016

Златни медали за Макпетрол освоија машката екипа во кумите (Идризи, Рамадановски, Петков), потоа во поединечна конкуренција Абдурахим Идризи, Ава Стојковска, Данило Божовиќ, Ива Мијалкова, Ева Блажевска, а Давуд Рамадановски, Христијан Белокоски, Кристијан Босковски и Данаил Христовски ги освоија сребрените медали, додека Ива Мијалкова беше трета.

makpetrol-zenska-ekipa-13-noemvri

Најатрактивни борби прикажа европскиот вицепрвак во кати и балкански првак во кумите, Абдурахим Идризи, кој освои два златни медали, и во поединечна и во екипна конкуренција. Карактеристично е што во трите победи не изгуби ниту еден поен, како и двете борби во екипна конкуренција.

И во кати каратистоте на Макпетрол беа на ниво, Ена Бочваров – 1 место, Павел Стојчевски – 2 место, Дамјан Стефков – 2 место, Марио Ставревски – 2 место, Александра Добричиќ – 3 место и Давид Доказа – 3 место.

makpetrol-site

„Турнирот беше масовен, но пред се за помладите возрасни категории пионери, кадети и јуниори. Ние овој турнир го искористивме за нашите најмлади возрасни категории да направат контрола на својата моментална форма. Се насочивме на спортистите кои треба да настапат на Балканското првенство. Повеќето од спортистите имаа по неколку борби и тоа ни овозможи да видиме точно кои делови од специфичниот дел на нивната подготвеност треба да ги поправиме пред БП кое е закажано во месец декември во Сараево, Босна и Херцеговина“, тренерот Бошко Заборски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON