Викендов на Државното карате првенство за сениори кое се одржа во Скопје најуспешна екипа беше македонскиот најтрофеен Карате клуб Макпетрол со 9 медали – 5 златни, 3 сребрени и 1 бронзен, втор е Олимпик спорт 2007 9 (4-3-2) и на трето место е Сансаи Метал Апостолов 4 (2-1-1).
По четири медали освоија и Штип, Башкими и Фунакоши Гичин (1-1-2).
Сепак, и покрај успехот, од Макпетрол имаат забелешки на судењето. Од клубот сметаат дека Државното првенството е најважно првенство во текот на годината, и затоа имаше изборен карактер за дресот/ кимоното на македонската сениорска карате репрезентација која треба да настапи на следното Европско првенство.
„За ова првенство имаме многу сериозни забелешки на делењето на судиската правда. Многу судиски одлуки неправедно беа досудени на наша штета. Неколку пати во текот на првенствата во неколку борби за медал, кога не беа досудени поени за нас, судиите на побараното прегледување (ревју) на снимките од наша страна, одговараа дека од поставените камери наводно не се гледа дали е поен или не е поен-техника и не ги прифаќаа нашите дозволени тренерски реакции.
Ова не е нов момент за нас, ние се бориме со оваа ситуација скоро две децении, стварно не знаеме која е причината и зашто одредени судии, немаат исти критериуми кога е во прашање досудување на поени за клубот и спортистите од Макпетрол.
Следната недела има натпревар во Плеј офф, кога освојувачите на медали (првите четворица), во борба секој со секого, ќе треба да се изборат за конечниот влез во репрезентацијата. Се надеваме дека судиската организација ќе се консолидира, ќе ги исправи аномалиите и ќе постапува непристрасно, како што доликува на нивните судиски звања кои ги поседуваат“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.
Шампиони на Македонија од Карате клубот Макпетрол се:
1.Симона Заборска -55 кг
2.Ангела Мојсовска -68 кг
3.Петар Спасеновски -84 кг
4.Стефан Стојановиќ +84 кг
5.Борби екипно мажи – Макпетрол – златен медал тим во состав:(Петар Заборски, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ, Данило Божовиќ и Спасо
Илиевски)
Сребрени медали освоија:
6.Викторија Јовановска -61 кг
7.Данило Божовиќ +84 кг
8.Борби екипно жени – сребрен медал тим во состав (Симона Заборска,
Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска и Јована Мицовска)
Бронзен медал:
9.Јована Мицовска -61 кг.