Макпетрол најуспешен во борби на „Фунакоши Гичин опен 2017“

Kарате клубот Макпетрол е најуспешен во борби на Меѓународниот турнир „Фунакоши Гичин опен 2017“ освојувајќи 9 златни,1 сребрен и 3 бронзени медали, односно вкупно 13.

Златни медали освоија: Давуд Рамадановски (-65 кг) кадети, Кристијан Бошковски (-55 кг), Абдурахим Идриз (-55 кг) јуниори, Данило Божовиќ (+55 кг) родени 2005 г., Даријан Тасевски (-63 кг) родени 2003, Ава Стојковска (-35 кг) родени 2006 и Ева Блажевска (+59 кг) јуниорки.

Сребрен медал освои Димитар Лозановски (-50 кг) родени 2005.

Бронзени медали: Теодора Крстевска (-55 кг) кадетки, Емилија Чешмеџиева (-55 кг) кадетки.

Во кати со златен медал се закитија Ива Мијалкова за жени родени 2006 и Ена Бочваров жени родени 2008, бронзен Ања Христовска жени родени 2006.

„На овој турнир настапи нашиот подмладок,  сите тие покажаа дека клубот има одлична перспектива и дека клупскиот младински погон добро функционира. Се надеваме дека и на следните натпревари овие млади каратисти ќе имаат успешни настапи. Покрај добрите резултати кои ги постигнаа спортистите, радува податокот што и младиот тренерски состав на Макпетрол извонредно соработуваше на овој турнир“. изјави тренерот Бошко Зaборски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON