Вечера на Државното првенство за сениори-ки во борби и кати каратистите на скопски Макпетрол не дозволија никакво изненадување и повторно во подолг временски период во генерален пласман се најуспешен клуб на овој Државен шампионат. Макпетрол е најуспешен клуб со вкупно освоени 14 медали -5 златни, 5 сребрени и 4 брозени.
Државни прваци станаа:
1.Марија Петровска -50 кг
2.Анѓела Мојсовска -68 кг
3.Петар Заборски -75кг
4.Петар Спасеновски -84 кг
5.Екипно борби мажи златен медал состав ( Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојанович, Глигор Петков, Витомир Трајковски, Дарјан Тасевски)
Сребрени медали освоија:
1.Сара Радичевска -50 кг
2.Моника Пендаровска -61
3.Викторија Јовановска -68
4.Давид Петков -67
5.Женскиот тим во борби ( Симона Заборска, Сара Радичевска, Ангела Мојсовска Моника Пендаровска и Викторија Јовановска)
Бронзени медали
11.Симона заборска -55 кг
12.Витомир Трајковски -84 кг
13.Стефан Стојановиќ +84 кг
14.Глигор Петков +84 кг
„На првенството имаше многу интересни борби, неизвесност постоеше во секоја категорија. Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Имаме 5 златни медали, но и 5 сребрени, кои лесно можеа да бидат златни медали. За обележување се настапите на капитенот на Макпетрол, Петар Заборски, кој во категоријата -75 кг ги совлада сите конкуренти и заслужено го освои првото место;
Петар Спасеновски доминираше во полутешка категорија и исто така рутинирано и сигурно ги совлада сите свои конкуренти. Во ист стил овој пат беше и најдобрата македонска каратистка, Ангела Мојсовска, која во категоријата -68 кг доминираше и сите борби ги победи со голема бодовна разлика“, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски и додаде:
„Во екипните натпревари кај мажите во полуфиналниот натпревар Макпетрол со максимален резултат 3-0 го победи ривалот Металург од Скопје, а во финалниот меч Макпетролци, исто така, заслужено го совладаа Штип од Штип, кој беше поразен со максимален резултат 3-0 .
Шампиони на Македонија се: Марија Петровска -50 кг, Марија Милевска -55 кг, Вероника Костовска -61 кг, Ангела Мојсовска-68 кг и Румена Балшевска +68 кг Беговиќ во борби кај жените:
Фахик Весели -60 кг, Емил Павлов -67 кг, Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кги Берат Јакупи +84 кг кај мажите.
Макпетрол е екипен првак во машка, а Олимпик спорт во женска конкуренција борби..
Во кати правци се Пуликсенија Јованоска и Кристијан Бајовски, додека во екипна конкуренција најдобри се Гладијатор во женска и Фунакоши Гичин во машка конкуренција.
Макептрол е најуспеше клуб со 14 медали -5 златни, 5 сребрени и 4 брозени, следи Олимпис спорт со 8 медали (4-1-3), па Фунакоши Гичин 8 (3-1-4), Металург 5 (1-2-2), Штип 4 (1-1-2)…
Денеска во Скопје се одржува Бергер натпреварот.