Макпетрол најуспешен карате клуб за 2023 година – најдобри тренери, сениорка и во У-21

Карате федерацијата на Македонија на свеченоста – „Најуспешни во карате спортот за 2023 година“ која се одржа вечера во хотелот „Континентал“ ги прогласи најдобрите спортисти-ки, тренери и клуб за 2023 година.

За најуспешни во генерален пласман и тоа во највозрасните категории на сениори – ки и постари јуниори – ки (У21), најуспешен е и оваа година Карате клубот Макпетрол – Скопје. Клубот за својата успешна работа и постигнати врвни спортски резултати доби вкупно 11 признанија.

Седум први места за спортистите, тренерите и клубот за освоените светски медали – медали од сениорски светски лиги, европски, од европска универзијада, медитерански и балкански одличја. Клубот е најдобро рангиран на државните првенства во сениорска и младинска конкуренција тоа се показатели дека Карате клубот Макпетрол со право го носи епитетот најдобар клуб во Македонија. За одбележување е тоа што клубот постојано е во самиот врв на македонското карате веќе скоро три децении.

Од Макпетрол не известија дека се задоволни од врвните резултатски постигнувања на сите каратисти за 2023 година и посебно радува податокот што клубот беше прогласен за најдобар во двете изборни категории, а тоа се сениорската категорија и младинската категорија на успешност и се најде убедливо на првото место.

Тренерите на Макпетрол Бошко Заборски (сениорска) и Петар Заборски (младинска) конкуренција, исто така беа прворангирани и добија признанија и беа прогласени за најдобри тренери во Карате федерацијата на Македноија.

Во највозрасните категории кај сениорките Ангела Мојсовска беше прворангирана, Витомир Трајковски беше прворангиран кај постарите јуниори (У21), Викторија Јовановска е прворангирана кај постарите јуниорки (У21); потоа второрангиран кај сениорите е Петар Заборски и Стефан Стојановиќ кај постарите јуниори (У21). Трето рангирани во своите категории се Петар Спасеновски кај сениорите и Јована Мицовска кај постарите јуниорки.

  1. Петар Заборски – второ место во сениорска конкуренција
  2. Витомир Трајковски – прво место во постари јуниори (У21)
  3. Стефан Стојановиќ – второ место во постари јуниори (У21)
  4. Ангела Мојсовска – прво место во сениорска конкуренција
  5. Петар Спасеновски – трето место во сениорска конкуренција
  6. Викторија Јовановска – прво место во постари јуниорки (У21)
  7. Јована Мицовска – трето место во постари јуниорки (У21)
  8. Најдобар клуб во сениорска конкуренција Карате клуб Макпетрол – Скопје
  9. Најдобар клуб во младинска конкуренција Карате клуб Макпетрол – Скопје
  10. Најдобар тренер во сениорска конкуренција Бошко Заборски – КК Макпетрол
  11. Најдобар тренер во младинска конкуренција Петар Заборски – КК Макпетрол

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON