Макпетрол е најуспешен на Државното карате првенство за сениори со 12 медали

Макпетрол е најдобар карате клуб на Државното сениорско првенство. Денес во Скопје каратистите на Макпетрол освонија 12 медали – 7 златни, 1 сребрен и 4 бронзени.

Државни прваци станаа: Сара Радичевска -50 кг, Симона Заборска -55 кг, Ангела Мојсовска -68 кг, како  и екипно жени борби во состав Симона, Сара, Ангела и Моника Пендаровска, потоа Абдурахим Идризи -60 кг , машкиот тим во борби (Заборски , Спасеновски, Петков Глигор, Ацковски Роберто, Абдурахим Идризи, Глигор Станоев и Давид Петков).  

Сребрениот медал е за Петар Спасеновски во -84 кг, а бронзите за Моника Пендаровска -61 кг, Петар Заборски -75 кг и Глигор Петков -84 кг.

„Ова е најуспешна година. Први се и во екипна конкуренција машкиот и женскиот тим во борби“, кратко прокоментира тренерот Бошко Заборски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON