Македонското знаме повторно гордо се вееше во Мексико на Младинската карате лига

Изминатата недела  08–11 август во Канкун, Мексико, се  одржа Карате 1 – Младинската карате лига во организција на Светската карате федерација (ВКФ). На ова натпреварување учествуваа вкупно 646 натпреварувачи од 57 земји  и беа регистрирани околу 60 интернационални судии меѓу кои се најде и нашиот светски карате судија Дејан Милошевски.

Оваа лига беше организирана по претходните – Фуџаира (ОЕ), Коруна (Шпанија), и Пореч (Хрватска). Последната Малдинска лига за оваа година ќе биде организирана во Венеција (Италија) од 5-8 декември.

„Ова за мене беше втора Младинска карате лига, на оваа страна од светот. Претходната година ја претставував Македонија во Мерида, Мексико. За разлика од минатата година, овој пат ова натпреварување навистина беше одлично организирано. Комплексот имаше извонредни услови за организирање на ваков тип на натпреварување, но и мексиканската карате федерација беше одличен домаќин“, вели Дејан Милошевски и додава:

„Главен судија на ова натпреварување беше светскиот судија од Гватемала, Гуидо Абдала, кој го одржа судискиот брифинг на почетокот и го менаџираше целото натпреварување. Мој татами менаџер беше светскиот судија и секретар на Светската карате федерација Фариба Мадаи, која секогаш несебично го споделува своето знаење и нејзинната поддршка е секогаш добдредојдена на едно вакво големо натпреварување. Успеав да се видам и со претседателот на ВКФ, Антонио Еспиноза, кој беше присутен на ова натпреварување. За жал, немавме ниту еден натпреварувач на Младинската лига. Сепак, ми беше чест да ја продолжам традицијата да го веам нашето македонско знаме во овој дел од светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО