Со почеток од 19:30, стартуваше до сега невиденото дефиле на преку 10.000 спортисти на Олимписките игри во Париз кои за прв пат парадираат на река, а не на стадион.
Спектакуларното 4 часовно отворање на најголемиот спортски настан на планетата се одржува на отворено во главниот француски град.
Популарната парада „Нација на чамци“ се случува на реката Сена и за прв пат во историјата се случува тоа да не биде на стадион.
Македонското знаме гордо се вееше, а го носеа Дарио Ивановски и Мила Рељиќ кои се меѓу шестмината македонски спортисти.
Другите четвоцира се Пливачот Никола Ѓуретановиќ, борачот Владимир Егоров, таеквондистката Милијана Рељиќ и џудистот Еди Шерифовски.
На Олимпијадата во Париз, најбројни се Американците со 592 спортисти, потоа домаќинот Франција со 573, Австралија има 460, Германија 428, Јапонија со 403, Кина со 388…
Џудистот Еди Шерифовски ќе се појави на татамито на 30 јули, за кога се закажани борбите во неговата категорија до 81 килограм.
Потоа, на 8 август, следува и настапот на големата надеж за медал, оној на Мила Релиќ, за кога се закажани борбите во категоријата до 57 килограми.
Еден од оние што ветуваат добар настап е и Владимир Егоров. Него ќе го видиме во првата, осминафинална, рунда на 8 август, од 11:30 часот. Борбите во репасажот се закажани за 9 август, во 11:00 часот.