Изминатиов викенд (21 декември) во Чикаго, Илиноис, се одржа првиот „Чикаго карате натпревар 2024“ во организација на македонската и српската карате заедница. На ова натпреварување Македонија беше претставувана од нашиот Карате клуб Милошевски маршал артс а Србија од страна на Карате клубот Ипон.
Настанот е направен како партнерство меѓу нашиот светски карате судија Дејан Милошевски и српскиот карате шампион Урош Каличанин и нивните карате клубови кои работат во Чикаго. Натпреварувањето беше организирано во Српскиот спортски центар „Никола Тесла“, кој е и еден од генералните спонзори.
Меѓу присутните беа српскиот конзул, срспкиот и антиохиски поп, но за жал недостасуваа офцицијалните македонски претставници, како што вели Милопевски, од оправдани причини не биле во можност да присуствуваат на овој важен настан.
Настаниот го отвори Дејан Милошевски со воведен говор и давање на благодарници на присутните. Потоа беа интонирани американската,македонската и српската химна по која започна карате натпреварот со најмалите натпреварувачи од 3+ години.
„Навистина сум благодарен што заедно успеавме да го организираме овој настан со само 4-5 недели подготовки, иако се знае дека вообичаено се потребни 4-5 месеци за да се направи еден добар натпревар. Оваа идеа се роди сосема случајно откако се сретнавме на едно локално натпреварување со срспкиот клуб. Натпреварот се оддржа на едно татами (борилиште), но карактеристично беше тоа што за прв пат во Чикаго воведовме и нова дисциплина макивара – кршење на пластични штици. Ова беше и највозбудливата активност која беше интересна за гледање. Голема благодарност до Американската карате федерација и нашите спонзори кои несебично го поддржаа овој настан (ресторантот Скадарлија и салонот за убавина Еко наил. Се надевам дека следниот пат ќе имаме и поголема поддршка од нашата заедница со цел овој настан да прерасне во еден од најдобрите во Чикаго и пошироко“, вели Дејан Милошевски.