Македонските таеквондо надежи учествуваа на најголемиот и најквалитетен тренинг камп на Балканот

Најдобрите македонски кадети и јуниори учествуваат на најсилниот, воедно и најпосетен, но и најквалитетен летен тренинг камп на Балканот во олимписко таеквондо во Соко Бања, Србија.

На летниот камп од 19 до 25 август учествуваа околу 1000 таеквондсти од цел свет, а со кампот раковдеа врвни тренери од Иран. Освен тоа, на кампот учествуваа 10 олимпијци од регионот.

Нашите надежи ги предводеше помошник селекторот Стефан Костовски.

„Македонското олимписко таеквондо има светла иднина. Олимписката норма, и олимпискиот медал на нашиот Дејан Георгиевски ќе бидат повторени“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Фото: МТФ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON