На 15. Меѓународен кунг фу вушу турнир одржан на 07 септември во Нови Бечеј, Србија, македонските претставници освоија 11 медали – 8 златни, 1 сребрен и 2 бронзени, а Марко Андонов е прогласен за најдобар јуниор.
Медалите ги освоија:
1.Костиќ Предраг – 65 кг златен медал
2. Бранко Пандев -55 кг златен медал
3. Драган Пандев -32 кг златен медал
4. Ристе Чавков -26 кг златен медал
5. Александар Арапов -26 кг златен медал
6. Марко Андонов -65кг златен медал и прогласен за најдобар јуниор на турнирот со пехар
7. Коцева Олгица -55 кг златен медал
8. Лазаревска Бојана – 65 кг златен медал
9. Александар Деловски – 55 кг сребрен медал
10. Славе Деловски -75 кг бронзен медал
11. Асан Есадовски -70 кг бронзен медал
„Сите натпреварувачи со голема желба и љубов ги бранеа боите на својата земја во многу голема конкуренција од 150 учесници од 7 земји“, вели тренерот Горан Андонов.
Тренерскиот тандем Зоран Спасов и Горан Андонов се задоволни од успехот на своите натпреварувачи и со уште поголем елан за работа ќе се подготвуаат за наредни светски и европски турнири , а можеби и Олимпијада, бидејќи вушу како спорт е на вратата на влезот за Олимписките игри.