Македонските кендоки во силна конкуренција освоија три медали на „Србија опен“

Македонските кендоки од Јошин, Вардар и Охрид викендов учествува на големиот Интернационален кендо турнир „Србија опен“ во Белград и освоија три медали – 1 златен и 2 бронзени.

Со медали се закитија:

Гордан Чоланчевски – златен, пионери (9-12 години)

Јована Андоновска – бронзен, пионери (9-12 години)

Меланија Крстевска – бронзен, девојки (10-16 години)

„Речиси сите сениори ги поминаа групите но беа елиминирани од силната конкуренција во елиминациониот дел од турнирот.

Шампионот во категорија сениори е Тошинари Мијоши од Јапонија

Во екипниот дел нашите екипи стигнаа до четвртфинале, а победник на Србија опен е националниот тим на Унгарија“, велат од нашиот табор.

На Србија опен учествувале 250 натпреварувачи од 15 земји.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON