Женскиот кумите тим извојува уште една победа на Европското карате првенство за сениори во Ереван, Ерменија, по вчерашната над Турција од 2-0, денес славеа 2-1 против Шведска. Но, во пресметката која одлучуваше за пласман во полуфиналето нашиот репрезентативен тим загуби од Грција 0-2.
Машкиот кумите тим е поразен од Косово 1-3.
Така, на ова ЕП останавме без медал.
Во Ерменија учествуваат најдобрите 500 спортисти од 51 држава.
Резултати – Европско првенство сениори:
Жени
Македонија – Турција 2-0
Македонија – Шведска 2-1
Чевртфинале
Македонија – Грција 0-2
Мажи
Македонија – Косово 1-3