Македонскиот УФЦ-борец ја прифати допинг суспензијата па договори борба

Ален Амедовски, кој се натпреварува во средната категорија на УФЦ, беше суспендиран од УСАДА шест месеци. Тој падна на допинг тестот по негвото деби во УФЦ во Русија и беше позитивен на метаболит на канабис. Бидејќи ја прифати програмата на УСАДА за борба против допингот, таа му беше намелна за три месеци.

Почетокот на казната се смета за 20 април, така што ќе може да се бори против Џон Филипс (21-9, 0-3 УФЦ) на 28 септември во Данска на УФЦ Фајт најт во Копенхаген.  

Амедовски има скор 8-1 во ММА и беше непоразен, но во април загуби во дебитантската битка од Кшиштоф Јотко со одлука на судиите. Пред оваа битка тој го нокаутира Ибрахим Мане за 12 секунди во Белатор.

https://twitter.com/USADA_UFC/status/1151930193092775936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Falen-amedovski-beshe-nakazan-ot-usada

Борецот од Велс има три последователни порази,но поради неговата агресивност од УФЦ го држат во ростерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON