Поранешниот каратист КК Јошитака од Скопје, Аријан Превала (43), спречи голема трагедија во Мериден, во американската држава Конектикат, спасувајќи повеќе стотици евнтуални животи, пишува Актуелно.мк.
Студентот-пилот, Ферас М. Фреитех (28), од Јордан, во вторникот додека под придружба на инструкторот Превала изведувал контролен лет, од засега неутврдени причини намерно го урна авионот „Пејпер Па 34A“ насочувајќи го леталото прво во станбена зграда во населен кварт, а потоа и во фабрика за воена опрема.
Меѓутоа, авионот само поради подготвеноста на инструкторот Превала кој дваесетина минути горе во воздух се борел со разбеснетиот студент, не ја погоди ниту зградата, ниту пак фабриката. Се сруши среде улица во непосредна близина на погоните каде во тие моменти имало над триста вработени. Во несреќата, Фреитех загина на лице место, додека Превала бил пренесен во болница со сериозни изгореници. Повредени се уште две лица во комбе во близина на местото на падот. Тие, исто така, се хоспитализирани. И покрај неговите повреди, Превала бил во можност да ги извести властите дека неговиот студент-пилот со умисла го насочил леталото надолу, а и за се што се случувало во тие моменти во авионот.
Заради комплексноста на случајот на Аријан моментно не му се дозволени контакти со надворешни лица.
Состојбата на Аријан е стабилна, кој во борбата со студентот и од падот на авионот добил изгореници по телото и можно е да биде подложен на операција.
Текстот во целост можете да го прочитате тука.