Македонски боксерски работници добија лиценци за судии и супервизори за Регионалната лига

За време на првото коло од Регионлната лига во бокс во Штип се одржа семинар за судии и супервизори за оваа лига од страна на директорот Драгољуб Радовиќ кој е супервизор на АИБА.

 

Од Македонија со овие лиценци се стекнаа судиите: Александар Денков, Ристо Огњанов, Петре Неделковски, Трајан Коцев и супервизорите Таше Ташов, Фатон Салиху, Оливер Станков и Душко Сачкарски.

„Тоа беше семинар за проментите на АИБА правилата за натпреварување и техничките правила, како и запознавање со правилата за натпреварување на Регионалната боксерска лига. Ова претходно го направив во Босна и Херцеговина и Србија, и сега во Штип за службените лица од Македонија за Регионалната лига. Ја искористив оваа прилика да ги земам нивните контакти кои ќе ми бидат потребни услуги на судии и супервизори од Боксерската федерација на Македонија во продолжението на Лигата“, вели Радовиќ.

Тој нагласува дека лиценците се претходница за курсевите на АИБА за оние кои сакаат да судат  и да бидат супер визори надвор од Македонија и Регионалната лига, односно на европски и светски првенства и на големите турнири.

Радоњиќ вели дека има битни измени во боксерските правила.

„Една од измените е таа што сениорите и јуниорите, при што ќе се дозволи профајтерски бокс за да се подигне атративноста на спорот. Борбата нема да се стопира и да се укажува на грешките, туку тоа го прави судијата во текот на борбата“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON