Македонската репрезентација јубилејниот 40. Меѓународен турнир во борење на „Македонскиот бисер“ кој ќе се одржи на 4 јуни во Скопје во СЦ „Борис Трајковски” ќе настапи со два состава со млади борачи.
Стручниот совет на Федерацијата за боречки спортови на Македонија одлучи да им даде шанса на помладите борачи.
На располагање на тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези му се ставени:
57 кг Елмедин Сејфуллаху и Армин Идризи
61 кг Јасин Реџелари и Раиф Камбери
65 кг Дејан Митров, Ертан Реџепи и Адил Адили
70 кг Бехар Махмути и Никола Петров
74 кг Алакснадар Здравев
86 кг Халил Зубаиров и Рамадан Мустафовски
97 кг Могамедгаџи Нуров и Стефан Никовски
125 кг Бобан Данов и Мите Здравев.
Минатата година трофејот го освои Халил Зубаиров.
„Оние што нема да дојдат на „Македонскиот бисер“, а се повикани, тоа ќе биде на нивна одговорност, бидејќи така одлучи Стручнио совет. Ги вклучивме сите младинци и јуниори“, вели за Ipon.mk тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези.
За можните противници на нашите борачи, односно за квалитетот на борачите од другите репрезентации што ќе учетсвуваат на „Бисерот“ Вренези вели дека тоа се претежно млади борачи, но половината од нив се со олимписки норми.
„Јас и Стручниот совет одлучивме да ги тестираме сите младинци кои се кнадидати за најдобриот состав на репрезентацијата“, истакнува Вренези.
Од нашите борачи како најголеми фаворити за трофејот на Бисрот се нагласуваат Нуров и Митров.
На Македонскиот бисер ќе учествуваат борачи од Јапонија, Белорусија, Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Грција, Англија, Унгарија, Русија и Македонија.
Еден ден, пред одржувањето на турнирот, ќе се одржи и свечена академија по повод 55-годишнината од борењето во Македонија на која ќе биде промовирана монографија, а ќе се отвори и изложба од фотографии.
Ipon.mk/В. Д.