Делегација на Македонската таеквондо федерација учестуваше на Генералното изборно Собрание на Европската таеквондо унија. Изборното собрание се одржа во Нинберг, Германија.
Делегацијата беше предводена од еден од основачите на таеквондо спорот во Македонија, Јосифовски кој е основач и тренер на ТК Хваранг фист-Охрид. Ацо Јосифовски е член на собранието на МТФ и дел од дисциплинксата комисија на МТФ.
Дел од делегацијата беше и Никола Стојковски кој е дел од надзорниот одбор на МТФ.
„Срдечно го честитаме реизборот на претседателот на ЕТУ, Сакис Паргалос од Грција, особено го честитаме изборот на потпретседателот на европското олимписко таеквондо, нашиот близок пријател Слави Бинев од Бугарија.
МТФ континуирано работи на подобрување на односите со високите претставници на олимпиското таеквондо во европа и светот“, велат од МТФ.