Македонската таекводно федерација одржа годишно Собрание – утвдени се врвните спортски приоритети за периодот кој следи

Вчера Македонската таекводно федерација (МТФ) одржа годишно Собрание на кое беа утвдени врвните спортски приоритети за периодот кој следи.

„Искристализиравме јасен пат на репрезентативците од сите старосни категории, поставивме цели за кои сме сигурни дека ќе ги постигнеме“, истакнуваат од МТФ на објавата на Фејсбук и додаваат:

„МТФ по обезбедени средства од спонзори, со одлука на Собранието додели финансиска помош на сите клубови членки на федерацијата. Средства наменети за развој на младинските категории.

Македонското олимписко таеквондо се шири во Штип и Ѓорче Петров, два нови клубови станаа дел од најуспешното спортско семејство во државата“.

МТФ изразува голема благодарност до Владата и Министерството за спорт затоа што олимпиското таеквондо го поставуваат како приоритетен национален спорт.

„Голема благодарност и ја поздравуваме иницијативата за тоа што конечно еден прв човек на спортот во случајов министерот за спорт Борко Ристовски одвојува врвен (олимписки) и останат спорт“, истакнуваат од МТФ и нагласуваат:

„Македонското олимписко таеквондо постигна врвни спортски резултати, а со тоа постави и стандарди за тоа што значи врвен спортски успех на меѓународно ниво. Особено, тука го истакнуваме олимпискиот сребрен медал на Дејан Георгиевски како единствено такво одличје во историјата на независна Македонија.

Продолжуваме со најсилен елан за работа до сега, Македонија ќе биде повторно горда на врвни спортски резултати“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО