На Балканското самбо првенство за млади што се одржа вчера во Штип македонската репрезентација освои 14 медали – 7 златни, 3 сребрени и 4 бронзени.
Медалите ги освоија:
Златни
Берна Халиловиќ
Теона Настоска
Мелани Митевска
Халик Елези
Стојанче Стојков
Мусај Бислими
Ахмет Факиќ
Сребрени
Бојана Ковачова
Јован Стефанов
Амина Факиќ
Бронзени
Хади Елези
Јован Атанасов
Марија Цветанова
Омер Елези
„Балканското првенство заврши успешно, собирајќи талентирани млади спортисти од целиот регион. Настанот што се одржа во салата на ОУ „Тошо Арсов“ во Штип беше вистински приказ на спортски дух, дисциплина и регионална соработка.
На првенството учествуваа натпреварувачи од повеќе балкански земји, кои покажаа извонредни вештини и посветеност во разни тежински категории“, велат Самбо федерација на Македонија.