Во вкупниот пласман македонската кик бокс репрезентација го освои третото место на ВАКО Европскиот куп „Србија опен 2023” кој се одржа викендов во Белград, Србија, со освоени 50 медали – 9 златни, 9 сребрени и 32 бронзени медали.
На овој престижен кик бокс натпревар учество земаа 567 натпреварувачи од 116 клубови од 16 држави, а нашата репрезентација беше составена од 68 натпреварувачи со 75 натпреварувачки влезови, тренери, судии и организациски тим од 16 македонски кик бокс клубови членки на КМФМ.
Во склоп на овој куп се одржа и Купот „Кик плеј челинџ плеј кул„ за почетници и помлади кадети, на кој учество земаа 5 наши натпреварувачи од 3 кик бокс клубови и на истиот младите кикбоксери почетници освоија 3 медали – 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен.
„Ова е уште еден успешно завршен Европски кикбокс куп, на кој нашата репрезентација само ја потврди својата прогресија на успехот и сплотеноста на клубовите и тренерите. Продолжуваме и понатаму да ги остваруваме нашите цели и да атакуваме кон уште европски и светски титули и медали. Сакам да истакнам особена благодарност до сите натпреварувачи, тренери и до нашиот позадински тим за поддршка во организацијата и секако, упатувам јавна благодарност до Агенцијата за млади и спорт на РМ, Македонскиот олимписки комитет и Државна видео лотарија за финансиската поддршка“, изјави претседателот на КМФМ – Дејан Митровски – Урко.
Резултати Србија опен:
Злани медали:
- Андреј Митков – ПФ ОК М -42 кг
- Анастасија Јанческа – КЛ Ј Ф -50кг
- Јадранка Темелкова – КЛ Ј Ф-55 кг
- Антонио Митрески – КЛ К М -84 кг
- Марија Димовска – ЛК ЈЈ Ф -54кг
- Силвио Мировски – ЛК ОЈ М -67кг
- Нелсон Узеир – ЛК ОЈ М -91кг
- Филип Ѓорѓиевски – ЛК К М -91 кг
- Јана Митева – КЛ ОЦ Ф -46кг
Сребрени медали:
◦ 1. Дамјан Иваноски – ПФ ЦХ М -24кг
◦ 2. Лука Змејковски – КЛ ОЦ М +69кг
◦ 3. Антонио Ташков – КЛ Ј М -69 кг
◦ 4. Симона Спасовска -КЛ Ј Ф -60кг
◦ 5. Теа Петреска – КЛ Ј Ф -70 кг
◦ 6. Марија Лападатовиќ -КЛ С Ф -50 кг
◦ 7. Калин Бабовски – ЛК ЅЈ М -54кг
◦ 8. Дејан Панов – ЛК С М -81кг
◦ 9. Исмаил Туркер – К1 ЅЈ М -54кг
◦ Бронзени медали:
◦ 1. Дамјан Баракоски – ПФ ЦХ М -30кг
◦ 2. Стефан Петрески – ПФ ЅЦ М -28кг
◦ 3. Фати Беџети – ПФ ЅЦ М -32 кг
◦ 4. Газменд Усеини – ПФ ЅЦ М -32 кг
◦ 5. Давид Атанасовски – ПФ ОЦ М -47 кг
◦ 6. Павел Стојчевски -ПФ Ј М -63кг
◦ 7. Давид Атанасовски – ЛЦ ОЦ М -47 кг
◦ 8. Павел Стојчевски -ЛЦ Ј М -63кг
◦ 9. Давид Стоименовски – ЛЦ С М -69 кг
◦ 10. Андреј Алексов – КЛ ОЦ М -37кг
◦ 11. Давид Атанасовски – КЛ ОЦ М -47 кг
◦ 12. Иван Кукуновски – КЛ ОЦ М -63кг
◦ 13. Максим Димитриев – КЛ ОЦ М -63кг
◦ 14. Алексеј Блажевски – КЛ С М +69кг
◦ 15. Лука Савовски – КЛ ОЦ М +69кг
◦ 16. Ангелина Стојковска – КЛ ОЦ Ф -60кг
◦ 17. Нина Колева – КЛ ОЦ Ф +65кг
◦ 18. Максим Митровски – КЛ Ј М -74кг
◦ 19. Бојан Ристевски – КЛ Ј М -84кг
◦ 20. Матеј Рипилоски – КЛ Ј М -84кг
◦ 21. Виктор Ифтимов – КЛ Ј М -94кг
◦ 22. Сергеј Стојановски – КЛ Ј М -94кг
◦ 23. Андреј Блажевски – КЛ Ј М +94кг
◦ 24. Бену Шахин – КЛ Ј Ф -55кг
◦ 25. Леа Бошевска – КЛ С Ф -50кг
◦ 26. Кристина Спироска Бену Шахин – КЛ Ј Ф -65кг
◦ 27. Кристијан Софрониевски – КЛ С М -74кг
◦ 28. Бојан Јаневски – КЛ С М -84кг
◦ 29. Стефан Михајловски – КЛ С М +94кг
◦ 30. Дамјан Стојчевски – ЛК ОЈ М-60кг
◦ 31. Филип Талевски – ЛК ОЈ М-63,5кг
◦ 32. Милена Стојановска – К1 С Ф -65кг
Резултати „Кик плеј челинџ плеј кул“:
◦ 1. Мартина Јовановска – КЛ ЅЦ Ф -47 кг – златен медал
◦ 2. Антонија Тасева – КЛ ЅЦ Ф +47кг – сребрен медал
◦ 3. Адис Камберовски – Кл ЅЦ М +47кг – бронзен медал