Денеска македонската кикбокс маитаи репрезентација отпатува на Европксиот куп „Србија опен“ во Кралјево, Србија.
Македонската екеспедиција која речиси секоја година учествува на овој куп брои 90 члена – 63 натпреварувачи во 68 категории од 14 клубови.
Овие македонски клубови ќе настапат на „Србија опен“:
1.Шампион-Скопје
2.Тим Зоран- Струмица
3.Максам тим – Прилеп
4.Гладијатор – Неготино
5.Лидер – Виница
6.Ас – Делчево
7.Гладијатор фајт – Штип
8.Будо – Кавадарци
9.Будо – Велес
10.Енерџи – Битола
11.Куманово 2006
12.Гладијатор – Скопје
13.Комбат – Радовиш
14.Самурај – Битола
На Србија опен ќе настапат 227 кикбоксери со 251 натпреварувачки влез од 13 земји.