Денес Македонската кендо-иаидо федерација со 20 натпреварувачи патува на големиот Меѓународен кендо куп „Србија опен“ во Белград.
Федерцаијата ќе настапи со пионери, јуниори и сениорите.
Во составот се натпреварувачи од следните клубови: Јошин, Вардар и Охрид.
„Очекуваме медали во сите конкуренции и поединечно и екипно“, истакнуваат од Федерацијата.