Македонската џиу џицу репрезентација утре ги почнува натпреварите на Светското првенство

Македонската џиу џицу репрезентација пристигна во Хераклеон на Крит во Грција, каде што се одрзува Светското првенство за јуниори, сениори и мастерс кое почнува денес и ќе трае до 4 ноември.

Прва на борилиштето излегува Катерина Ацевска +70 кг во У-21 (10-та во категорија) и тоа утре, додека во среда се борат Зоран Колевски У-18 -62 кг (17 во категорија) и Антинио Стојчески У18 -69 кг (27 во категорија), а во четврток се бори Данил Николиски У21 -56 кг (14 во категорија).

На Светското првенство учествуваат 46 држави со вкупно 1370 спортисти и 1620 натпреварувачи влезови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО