Македонската џиу џицу репрезентација со четворица натпреварувачи на Балканското првенство во Ромнаија

Од 18 до 22 септември македонската џиу џицу репрезентација ќе настапи на Балканското првенство во Питешти –Романија.

Македонија ќе настапи со четворица натпреварувачи. На списокот на селекторот Александар Ацевски се:

Данил Николиски У 18 -56 кг
Зоран Колевски У 18 -62 кг
Антонио Стојцески У 18 -69 кг
Катерина Ацевска У 21 +70 кг.

На Балканското ќе настапат 1133 натпреварувачи од 23 држави.

По БП следуваат мегународните турнири во Бања Лука и Сараево, како увертира и контролни турнири за големиот настан – Светското првенство во Крит, Грција од 26.10 до 05.11 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО