Македонската џиу џица федерација и Mинистерството за внатрешни работи во пресрет на новогодишните и божиќни празници, во понеделник (26 декември) ќе организираат 20 минутно предавање – едукација во просториите на Клубот за џиу џица „Дан-кју“ (ОУ „11 Октомври“) со почеток во 19 часот.
„Предавањето има за цел на нашите членови да им укаже на штетните последици од употреба на пиротехнички материјали, можните повреди, законските норми и секако потенцирање на превенцијата, како мерка за заштита“, вели претседателот на МЏЏФ, Александар Ацевски.
Предавањето ќе го води претставник од Секторот за внатрешни работи на Град Скопје при МВР.
Ipon.mk