Денес се одржа Генералното собрание на Европскста ИФМА маи таи федерација во Истанбул во склоп на Европското првенство . На Собранието беа присутни 31 од 38 земји членки, меѓу кои учество зема и нашата федерација како полноправна членка на Европската маи таи федерација и ИФМА.
„Покрај усвојувсњето на сите точки од дневниот ред се разговараше и на перспективата на маи таи спортот како дел од олимпиското семејство на спортови.
Покрај останатото беа соопштени и идните Европски и Светски боречки игри и првенства кои ќе се одржат во 2022 и 2023 година.
Истовремено, беа соопштени и 24 натпреварувачи кои обезбедиле пласман со својата победа на Светското маи таи првенство 2021 во Тајланд, како и тоа дека од ова Европско првенство ќе обезбедат пласман уште 12 учесници. Тие ќе добијат дирекна акредитација за учество на Светските боречки игри 2022 година“, рече претседателот на Киб бокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.