На синоќешниот избор „Спортист на годината 2024“ Македонска таеквондо федерација (МТФ) најуспешна национална спортска федерација, а за да биде успехот поголем и за реномето на федерацијата се погржија олимпијката Мила Рељиќ која беше прогласена за најдобра спортистка и Теодор Стојановски кој доби плакета како откритие на годината млад спортист – кадет.
Што направија таеквондо натпреварувачите во оваа година?
Мила настапи на Олимписки игри во Париз и го освои осмото место откако извојува победа против двократната олимписка шампионка Џејд Џонс и малку недостасуваше да се вмеша во борбата за медалите.
Но, како што рече синоќа претседателот на МТФ Борче Костовски, таа е сеирозен канидат за ОИ во Лос Анџелес и е сигурен дека ќе обезбеди олимписка норма, а другото ќе биде историја.
Младиот Теодор Стојановски на Европското првенство за кадети во Тирана го освои сребрениот медал (од МТФ сметаат дека ова е најголем успех на цело спортско ниво во Македонија).
Мила Рељиќ на Европско клупско првенство за сениори во Талин, Естонија, освои златен медал.
Филип Блажевски на Европско клупско првенство за јуниори во Тирана, Албанија, се закити со бронзен медал.
Медали на Г1 турнирите кои носат бодови за Олимписките игри освоија Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ во сениорска конкуренција, како и Филип Блажѓевски, Теодор Стојановски и Ведрана Туневски во помладите возрасни категории.
„Ова едниствениот спорт што е релевантен, тоа значи дека е единствен ОЛИМПИСКИ спорт кој ниже успеси. Како во секоја нормална држва, неолимписки спорт не се ни разгледува во изборот за спортисти“, велат од МТФ и додаваат дека две години по ред се оштетувани во изборот на најдобрите:
Ќе потсетиме дека Дејан Георгиевски со европско сребро, настап на Олимписки игри не стана спортист на годината. Дејан имаше и медал од Финале на Гранд при турнир и, пак, не стана спортист на година“.
Ова се случувало, сметаат од МТФ, заради тоа што спортски неупатени лица учествувале во изборот.