Македонија со шест спортисти на ЛОИ во Париз, знаменосецот Мила Рељиќ најави борба за медал

Македонската делегација утре ќе замине во Париз каде што од 26 јули до 11 август ќе учествува на Летните олимписки игри и тоа со шест претставници – еден помалку од најавените со оглед на откажувањето на пливачката Ева Петровска поради болест.

Знаменосци ќе бидат атлетичарот Дарио Ивановски и таеквондистката Милијана Рељиќ, која, пак, беше најхрабра на денешната промотивна прес-конференција најавувајќи борба за медал.

„За мене ова е прв олимписки настап што ме прави многу горда. Пред два дена се вратив од 15-дневен тренинг камп, каде што имав тројца-четворица спаринг партнери, кои работеа само со мене и кои ме подготвуваа за потезите што може да ги очекувам од противничките. Сигурна сум дека ќе го дадам максимумот, а се надевам дека со добра жрепка ќе може да стигнам дури и до олимписки медал“, изјави Рељиќ.

Покрај Ивановски и Рељиќ, македонскиот спорт во Париз ќе го претставуваат уште и Владимир Егоров (борење), Никола Ѓуретановиќ (пливање), Еди Шерифовски (џудо) и Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво). Во француската престолнина ќе имаме и судии во три различни спорта и тоа Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (ракомет), Анета Павловска (тенис) и Иван Михајловски (триатлон).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON