Македонија ќе настапи со петмина натпреварувачи на Европското првенство во кураш во Батуми, Грузија, кое ќе трае до 14 април.
Нашите борачи ќе настапат во категориите до 72, 81, 90, 100 и над 100 килограми: +100 кг Теодор Георгиев, 100 кг Омар Факиќ, 90 кг Хазир Пепиќ, 81 кг Бренат Реџиќ и 72 кг Далибор Богданов.
На ЕП ќе учествуваат 23 држави, натпреварите ќе се одржат на прекрасниот фудбалски стадион во Батуми со капацитет од околу 40 илјади гледачи.
Како што истакнува претседателот на Самбо федерацијата на Македонија, Ердал Факиќ, ова е големо првенство со многу јака организација.
Сите оние што ќе имаат добри резултати ќе обезбедат учество на Светското првество во Ријад, Саудиска Арабија, каде што ќе има големи парични награди. За златен медал наградата е 200.000 долари, за сребрен 100.000 и за бронзен 50.000.
Пред почетокот на натпревароте се одржа и Конгрес на Меѓународната кураш асоцијација, како и семинар за тренери.