Македонија со петмина боксери на „Дракула опен“ во Браила, Романија

Репрезентацијата на Македонија со петмина боксери ќе настапи на Меѓуанродниот турнир „Дракула опен“ во Браила, Романија, од 16 до 23 февруари.

На турнирот ќе настапат:

Кадети
40 кг Шаим Реџеповски
48 кг Арон Скендери
50 кг Арабел Рустемовски
52 кг Џанер Биљали

Јуниори
46 кг Петар Трајчевски

Тимот ќе го предводи Самет Салиевски, а во делегацијата ќе бидат и двајца судии Стефан Цубалевски и Фросина Манева.

На Дракула опен учествуваат 450 боксери и боксерки од 23 земји од светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО