Македонија со двајца натпреварувачи на Европското првенство во џиу џицу за кадети

Македонската џиу џицу репрезентација пристигна во Ларнака, Кипар, каде што викендов се одржува Европското првенство за кадети.

За Македонија настапуваат Антонио Стојчески во У-18 -69 кг (23 натпреварувачи во категоријата) и  Марија Треневска во У-18 +70 кг (10 натпреварувачи, а ги предводи тренерот Катерина Ацевска.

На ЕП учествуваат 1300 натпреварувачи од 29 држави.

Денес треба да го поминат официјалното мерење, а утре се натпреварите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON