Македонската јуниорска таеквондо репрезентација на Светското првенство во Чунчеон-Јужна Кореја од 1 до 6 октомври ќе настапи со четворица репрезентативци.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
Андреј Василевски -59 кг (ТК Бутел)
Филип Блажевски -68 кг (ТК Бутел)
Христијан Симоновски -63 кг (ТК Младост)
Дарко Георгиев -73 кг (ТК Бутел)
„Прв во Јужна Кореја пристигна репрезентативецот Христијан Симоновски од ТК Младост, таму ќе биде под водство на својот тренер Стефан Миленковски. Христијан ќе се бори на 1 октомври во категорија -63 кг“, инфиормираат од Македонската таеквондо федерација.
Од МТФ велат дека за неколку дена ќе пристигнат остатаните тројца репрезентативци предводени од помошник селекторот за младински категории Викторија Спасовка.
Македонската таеквондо федерација целосно ги сноси финансиските трошоци за ова Светско првенство.
МТФ изразува голема благодарност до Министерството за спорт на Македонија за огромната поддршка на македонското олимписко таеквондо.
Овогодишното Светско јуниорско првенство во таеквондо ќе биде најголемото досега во однос на спортистите што ќе учествуваат, со 963 регистрирани од 127 национални асоцијации членки (MNAs), индивидуални неутрални спортисти (AIN) и Светскиот тим за бегалци во теквондо.
Натпреварот ќе се одржи во 20 тежински категории – 10 за мажи и 10 за жени.